Финансиската полиција со голема акција во Прилеп поврзана со работењето на прилепската болница

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Управата за финансиска полиција денеска врши претрес на осум локации поради сомнежи поврзани со финасиското работење на прилепската болница, информираат од Јавното обвинителство.

„Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази“, соопштуваат од ОЈО Прилеп.

Новото раководството на Општата болница со проширена дејност во Прилеп изјави дека установата има наследени долгови од 193 милиони денари и блокирана сметка. Сите докази за наводните проневери на финансиски средства при работењето на институцијата ги достави до ОЈО Прилеп, по што Финансиската полиција почна да го проверува работењето на болницата во периодот 2020-2024 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира