На втората седница на Советот на Општина Прилеп, во новиот состав, советниците со мнозинство гласови го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на член на Советот на Општина Прилеп, Катерина Пузеска.
Потоа, беа усвоени и предлог-решенијата за формирање на комисиите потребни за функционирањето на Советот на Општина Прилеп.
Советниците со мнозинство гласови ги усвоија предлог-решенијата за формирање на следниве комисии:
- Комисија за одбележување значајни настани, личности и празници
- Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
- Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
- Комисија за општествени дејности и правата на децата
- Комисија за статут и прописи
- Комисија за елементарни непогоди
- Комисија за месна самоуправа
- Комисија за родова еднаквост
- Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандатниот период 2025–2029 година
Исто така, Советот ја задолжи Комисијата за статут и прописи да изготви пречистен текст на Статутот на Општина Прилеп и именува членови на Советот кои ќе учествуваат при склучување на бракови во УВМК-ПК Прилеп.