Францускиот амбасадор вети поддршка и помош за Општина Крушево

Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, денеска го посети Крушево и оствари работна средба со градоначалникот Томе Христоски.  Тимоние заедно со Христоски, претседателот на МАНУ академик Таки Фити, потпретседателот на МАНУ Владо Матевски и рекоторот на УКИМ Никола Јанкуловски ги посетија и галеријата на Никола Мартиноски и полетувалиштето за параглајдинг на Мечкин Камен.

 

Од Општина Крушево соопштија дека францускиот амбасадор при кратката прошетка низ центарот на Крушево ги согледал и потенцирал дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните и ветил дека ќе остане во комуникација со Општина Крушево и ќе понуди помош и поддршка за новата локалната самоуправа.

 

„Не сакаме да бидеме изолирани, нашата Општина нуди многу и таа ќе биде отворена и постојано ќе остварува средби со претставниците на другите земји во Република Македонија“, изјави градоначалникот Христоски.

 

За Христоски средбата со Тимоние е само почеток на нова комуникацијата која Општина Крушево има намера да ја воспостави и одржува со претставниците на сите земји од ЕУ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира