Временската прогноза за времето во Москва стана вирална откако куче влета во кадарот и го украде микрофонот на новинарката.
Преносот во живо на руската новинарка на Мир ТВ, Надежда Серјожкина, беше прекинат од разигран златен ретривер кој скокна врз неа, и го фатил микрофонот од раката и избега.
И додека снимателот ја снимаше како го брка кучето, на следниот кадар се гледа зачудениот лик на водителка во студиото.
