Целовечерен концерт на КУД „Пере Тошев“ на 19 октомври во Цепенков

На 19-ти октомври 2024 година, сабота од 19.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ КУД  „Пере Тошев“ ќе одржи целовечерен концерт.

На програмата ќе можат да се слушнат:

  1. Што ми е мило
  2. Јас ќе ти купам
  3. За кого ти цути Дано лицето
  4. Каранфило фил, фило моме
  5. Биљана платно белеше
  6. Назад , назад Калино моме
  7. Песна за Пере Тошев
  8. Зурли трештат

КУД „ ПЕРЕ ТОШЕВ “ – Прилеп е формирано на 5 мај 1987 година со две секции :

  1. Пејачки состав на просветните работници од општина Прилеп и
  2. Рецитаторска група

Со текот на времето пејачката група се проширува со нови членови, вљубеници на хорското пеење и прераснува во хор кој се регистрира како културно – уметничко друштво кое негува богат музички репертоар , хармонизирани македонски староградски народни песни, ренесансни песни како и хорски композиции од различни музички автори.

Во текот на своето триесет и пет годишно постоење хорот има изведено голем број на настапи, учествува на разни музички манифестации во земјава и во странство, одбележување на разни настани и датуми од поблиското и подалечниото историско минато на општина Прилеп. Има добиено бројни награди и признанија меѓу кои и Трето ноемвриската награда на Општина Прилеп во 2013 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира