До 13:30 часот, регистрирани се вкупно 4 пожари на отворен простор, и сите се активни, велат од ЦУК.
АКТИВНИ ПОЖАРИ:
Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со два крака: еден кон с. Иванковци и друг кон с. Крушје (мешана шума);
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума);
Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума).
