До 12:30 часот попладнево, на територија на државата се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор од кои шест се активни, а три пожари се изгаснати.
Активни пожари има во селото Николиќ во Дојранско, каде што е зафатена нискостеблеста шума, во селото Горњани во Чучер Сандево, каде што исто така гори нискостеблеста шума, мешана шума е зафатена кај велешките села Џидимирци и Крушје, кај селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во Македонски Брод се зафатени дабова шума, грмушки и ниска вегетација, а во село Раштак и Крушопек во Скопско е опожарено ѓубре.

Изгаснати се пожарите во:
- Општина Битола: населба Баир (ѓубре)
- Општина Кичево: ул. „Прилепска“ (дива депонија)
- Општина Кратово: село Туралево (грмушки и ниска вегетација)