Четворица повредени во тешка сообраќајна несреќа во близина на с. Тополчани

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 31.08.2026 во 04:46 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат  Прилеп-Битола, во атар на с.Тополчани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(19) од Прилеп и патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.П.(48) од с.Росоман, кавадаречко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј. , а со телесни повреди се здобиле возачот Г.П. и неговите сопатници Д.П.(39) од с.Корешница, неготинско и Т.Т.(55) од с.Рибарци, кавадаречко, констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци