Четврт ден гори депонијата Алинци – од Општина Прилеп апелираат да не се пали депонијата

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Веќе четврт ден во тек е акцијата за целосно гаснење на пожарот на депонијата кај Алинци, кој според првичните информации најверојатно е предизвикан од човечки фактор. Во изминатите три-четири дена, под координација на ЈКП Комуналец, со максимална ангажираност и координација, работиме на справување со оваа состојба, велат од Општина Прилеп.

„Со помош на механизацијата на нашите јавни претпријатија, како и поддршката од општествено одговорни компании, досега успеавме да посипеме со земја огромен дел од депонијата. Дополнително, цистерните со вода се постојано активни, а екипите дејствуваат деноноќно со цел целосно елиминирање на огнот иако временските услови се исклучително тешки и видливоста е намалена од маглата.

Ги повикуваме сите сограѓани на одговорност и свесност – да не дозволуваме вакви ситуации, кои што ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на сите нас. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме подобри услови за живот.

Општина Прилеп изразува голема благодарност до сите кои се вклучени во оваа акција и Ве уверуваме дека продолжуваме со максимални напори за што поскоро решавање на оваа ситуација“, велат додаваат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира