Јавен повик за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоупрва (“Службен весник на РСМ” број 05/02 и 202/2025) а согласно Програмата за доделување на награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп број 09-3998/21 од 26.12.2024 година и Правилникот за услови и критериуми за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп, број 09-4248/21 од 28.12.2023 година, Општина Прилеп објавува јавен повик за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во општина Прилеп.

Опис на јавниот повик

1.1.Општествена одговорност кон наставниците од основните и средните општински училишта со цел мотивирање за подобрување на образовниот и општествениот процес, препознавање на потенцијалот кај учениците, како и развој  на науката која може да придонесе за личен и општествен развој.

Крајна цел на доделувањето на награди е придонес на наставниците во образовниот и општествениот процес кон општина Прилеп, како и за нејзина афирмација.

1.2. Јавниот повик ќе трае 5 (пет) денови, не сметајќи го денот на неговото објавување.

1.3. Јавниот повик е објавен на ВЕБ страната на општина Прилеп www.prilep.gov.mk, огласната табла на Општина Прилеп и на локалните електронски медиуми во Општина Прилеп

2.1.Право на учество на јавниот повик

Право на учество имаат:

– наставници кои се вработени во општинските основни училишта и средните општински училишта во Општина Прилеп;

– наставникот да има засновано работен однос на неопределно работно време во воспитно-образовна институција;

– наставникот да не е орган на раководење во воспитно-образовна установа во моментот на аплицирање;

– право на учество имаат наставници кои не се наградувани последните 5 години.

Повеќе за јавниот повик може да прочитате на следниот ЛИНК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира