
Врз основа на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2025 година број 09-3998/9 од 26.12.2024 година(Службен гласник на Општина Прилеп бр 18 од 26.12.2024), а согласно Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер број 09-595/33 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3 од 15.03.2021 година), Правилник за измена и дополнување на Правилник за користење на финансиски средства од буџетот на општина прилеп за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина прилеп за набавка на грејни тела со инвертер број 09-571/6 од 12.02.2025 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.2 од 12.02.2025 година) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер за 2025 година број 09-571/5 од 12.02.2025 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.2 од 12.02.2025) Општина Прилеп објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејни тела со инвертер за 2025 година
Опис на јавниот повик
1.1. Општина Прилеп со цел да ги стимулира жителите на Општина Прилеп за примена на грејни тела со инвертер за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено грејно тело со инвертер во период од денот објавувањето на јавниот повик, а најдоцна до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористување на предвидените средства, ќе им надомести дел од трошоците :
– до 50% од вредноста на набавеното грејно тело со инвертер, но не повеќе од 10.000 денари во нето износ по лице/ домаќинство, за набавка на грејно тело со инвертер за барателите кои поднеселе комплетно барање и ги исполниле критериумите согласно јавниот повик .
Персоналниот данок на доход паѓа на товар на исплаќачот.
1.2.Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 17.02.2025 година заклучно со 17.03.2025 година, односно до искористување на предвидените средства, до кога и ќе можат да се достават барањата.
1.3. Јавниот повик е објавен на ВЕБ страната на општина Прилеп www.prilep.gov.mk, во два печатени и електронски медиуми и на огласна табла во Општина Прилеп.
1.4. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
1.5 При констатирање на целосна реализација на предвидениот буџет, Општина Прилеп веднаш ќе ја извести јавноста дека согласно принципот „прв дојден, прв услужен“ повеќе нема да прима барања по однос Јавниот повик, и известувањето ќе го објави на својата Веб страна www.prilep.gоv.mk, во електронските медиуми и огласна табла во Општина Прилеп.
- Право на учество на јавниот повик
2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат Жителите на Општина Прилеп и сопственици на станбен објект на подрачје на општина Прилеп кој набавил/ќе набави грејно тело со инвертер во во периодот од денот на објавување на јавниот повик од 17.02.2025_ година, најдоцна до денот на завршување на јавниот повик 17.03.2025 година, односно до искористување на предвидените средства, и кои ќе достават навремено и комплетно барање согласно условите на јавниот повик
Само едно лице од потесно семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на едно грејно тело со инвертер.
Услови кои треба да ги исполни барателот за надоместување на дел од трошоците за набавка на грејно тело со инвертер:
- Да е Жител на Општина Прилеп и сопственик на станбен објект на подрачје на општина Прилеп каде е инсталирана/ќе се инсталира грејното тело со инвертер, да има живеалиште на адресата каде е монтирано грејното тела со инвертер. Доколку посебно домаќинство/семејство живее во посебен функционален дел од ист станбен објект или во друг објект кој е во сопственост на друго лице носителот на посебното домаќинство може да аплицира самостојно и независно од сопственикот на објектот, покрај документите кој треба да ги приложи кон барањето приложува и имотниот лист и потврда за платен данок на имот за објектот, кој е впишан во имотниот лист каде е инсталирано грејното тело со инвертер заклучно со предходната година и кој ќе достави навремено и комплетно барање согласно условите на јавниот повик.
- Грејно тело со инвертер да го купил по објавување на јавниот повик;
- Да е платен данок на имот за станбениот објект каде е/каде ќе се инсталира грејното тело со инвертер заклучно со предходната година.
- Само еден член од потесно семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на едно грејното тело со инвертер.
- Да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија и Општина Прилеп во претходната фискална година.
За докажување дека условите за учество се исполнети , барателот за надоместување на дел од трошоците до Општина Прилеп ги доставува следните документи:
- Барање за надоместок (образецот на барањето може да се подигне од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk
- Фотокопија од важечка лична карта на барателот
- Имотен лист за станбениот објект со адреса на објектот во кој е инсталирано/ќе се инсталира грејното тело со инвертер на подрачје на Општина Прилеп
- Доказ дека е извршено купување на грејното тело со инвертер и тоа фотокопија од фискална сметка заверена на нотар или фактура со извод од деловна банка за извршената уплата со датум во период од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик.
- Фотокопија од трансакциска сметка
- Потврда за платен данок на имот за објектот, кој е впишан во имотниот лист каде е инсталирано грејното тело со инвертер заклучно со предходната година издадено од Одделение за администрирање на приходи Општина Прилеп
- Изјава заверена на нотар со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека: ( образецот на изјавата може да се подигне од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk )
– друг член од потесното семејството нема поднесено барање за добивање на субвенции
– дека не искористил субвенција/ надомест на дел од трошоци за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија и Општина Прилеп во претходната фискална година
3.Начин на пријавување на јавниот повик
3.1. Барањето за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните за набавка на грејно тело со инвертер, физичките лица го поднесуваат заедно со комплетната документација во Општина Прилеп преку Архивата на Оштина Прилеп до Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер во затворен плик со намена “Јавен повик за субвенции/ надомест на дел од трошоци за набавка на грејно тело со инвертер“/ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.
Копието од лична карта и копието од трансакциона сметка, како и секоја друга документација која содржи лични податоци за подносителот на барањето, задолжително се доставуваат во затворен коверт, со назнака ,,строго доверливо-лична документација,, како прилог кон барањето.
Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок .
Лицата кои веќе добиле субвенција/ надоместок за набавка на грејно тело со инвертер како и членовите на нивното потесно семејство кои што живеат во заедница, немаат право да поднесат повторно барање за користење на истиот надоместок.
3.2. Пристигнатите барања во архивата на Општина Прилеп ќе бидат евидентирани и заведени со точен датум и време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување на редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
4.Начин на спроведување на јавниот повик
4.1. Градоначалникот на Општина Прилеп формира Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер.
4.2. Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп ќе ги разгледаат пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни.
4.3. Општина Прилеп односно Комисија го задржува правото да изврши посета во домаќинствата кои ќе поднесат барање по Јавниот повик , а подносителите на барањата имаат обврска да му овозможат пристап до местото/просторијата каде се наоѓа инсталираното грејно тело со инвертер, при што ќе изготви и записник.
4.4. Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците ќе состават записник од прегледот на сите пристигнати барања и ќе достават предлог за субвенционирање/надомест на дел од трошоците или одбивање на барањето.
4.5. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до искористување на предвидениот буџет за соодветната намена.
5.Начин на остварување на правото на надоместок
5.1. Врз основа на предлогот на Комисијата, Градоначалникот на Општина Прилеп ќе донесе Решение за одобрување и исплата на средствата од Буџетот/одбивање на барањето.
5.2. По завршувањето на постапката ќе се изготви финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер за 2025 година и истата ќе биде објавена во време траење од 15 дена на Веб страната на Општина Прилеп и огласна табла на Општина Прилеп .
Градоначалник на Општина Прилеп Борче Јовчески
ПРЕЗЕМИ изјава за грејно тело со инвертор