Јанева со навреди кон обвинителката Стефанова: Гомнарке, ороспијо!

Facebook
Twitter
Email
Print

Со скандалозно однесување и погрдни зборови поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, ја испрати својата колешка Лиле Стефанова по двочасовното сведочење на судењето за „Рекет“.

 

Кога Стефанова се подготвуваше да излезе од судница, Јанева ѝ извика „ороспијо“ и „говнарка“. На овие зборови Јанева веднаш доби опомена од судијката Васка Николовска Масевска, која ги повика полицајците што ја спроведуваат од куќен притвор и нареди таа да биде изнесена од судница.

 

По ова, видно вознемирена, Катица Јанева застана и пред да излезе од судницата и пред новинарите рече:

 

„Дека ѝ го возев мачето, затоа ли не ѝ чинам?“, оставајќи ги во прашалници новинарите.

 

Расплакана и вознемирена Јанева го напушти Кривичниот суд.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира