Јанески: Партиите станаа “султанати“, државата е руинирана на секое поле, ништо не функционира, иднината е во граѓанските движења


Инфо Компас започнува со нова сезона на емисијата Инфо Регион, во која гости ќе бидат граѓани од различни профили, струки и области со кои што ќе поразговараме за актруелните состојби и проблеми со кои се соочуваме. Секако тука секогаш даваме простор и за афирмација на сите оние кои постигнале одреде и успеси и го афирмирале Прилеп на некое поле.

Во оваа прва емисија од новата сезона наш гостин е Емил Јанески, поранешен директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп, а сегашен претседател на граѓанското движење „За нашите граѓани“. Со Јанески поразговаравме на повеќе актуелни теми меѓу кои и : Зошто си замина од СДСМ?; Зошто СДСМ изгуби на локалните избори со 7.500 гласови разлика, што беше пресудно;, Како работеше или неработеше претходната локална сампоуправа, а како работи или неработи сегашната локална самоуправа?; Во што граѓанските движења се поразлични од партиите?; Зошто партиите се претворија во одредени „султанати“?;, Зошто не треба да имаме уставни измени и многу други актуелни теми.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира