Комуналните работници темелно ја чистат Градската река покрај минорот, од отпадоци донесени со врнежите, но и купишта отпад исфрлени во коритото на зелените површини од несовесни граѓани.
„Се замолуваат одредени граѓани и сопственици на бизниси, дел кои гравитираат околу градската река, отпадот да го собираат и го предаваат на комуналните работници, а не да го исфрлаат во градската река.
За 3 дена работа на комуналните работници, собрани се 98 црни вреќи со отпад, што говори за нашата култура на живеење.
Секој отпад има свое место, а во општинава скоро на секој чекор е поставена комунална инфраструктура каде може да се одложи отпадот.
Потребна е само желба за чистота, и љубов кон градот“, велат од ЈКП „Комуналец“.