Јовчески: Исклучително е важна соработката помеѓу локалната и централната власт на тема социјална заштита

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Исклучително е важна соработката помеѓу локалната и централната власт! На денешната официјална посета на Прилеп на министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски разговаравме на повеќе теми за социјална заштита на нашите граѓани, кажа градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„По повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот, го посетивме Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ и заклучивме дека грижата за децата со посебни потреби е заедничка грижа на сите нас ,затоа мора да се воспостави соработка меѓу локалната и централната власт, кога е во прашање грижата на децата. Овие деца мора да бидат институционално вклучени и да имаат исти права и можности како и сите деца.

Своите проблеми со нас ги споделија и пензионерите со кои дискутиравме за нивните очекувања и за важноста од создавање на достоинствен и квалитетен живот на пензионерите, во насока на зајакнување на животниот стандард и  подобра сигурност и  социјална заштита, посочувајќи дека грижата за највозрасната популација во државата останува наш приоритет“, истакна Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми