Јункер во среда во Скопје, Коѕијас до крајот на месецов

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и официјално пристигнува во среда во Скопје. Според најавената агенда Јункер ќе биде  во Скопје неколку дена, а во недела веќе е најавена и прес конференција за медиумите со премиерот Зоран Заев. Информацијата ја потврдија и од владата.

 

Грчките медиуми пишуваат дека симболично со првиот лет после неколку години откако е сменето името на аеродромот во Скопје се очекува до крајот на месецот да допатува во Македонија и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

 

Според грчката телевизија Алфа Коѕијас требало во Скопје да го донесе и официјалното предлог решение за името.

 

Од МНР пак засега не откриваат детали околу евентуалните средби на шефовите на дипломатиите на двете држави,  но велат се очекува посета на Коѕијас.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира