Во насока на унапредување на квалитетот на живот и создавање современи услови за игра и развој на најмладите, со задоволство ве информирам дека Општина Прилеп потпиша два нови договори за изградба на две нови детски игралишта со Министерството за спорт, во рамки на Повикот за директна помош на општините од Владата на Република Македонија, информира денес градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

„Првото ново игралиште ќе се изгради во самиот центар на градот, зад Участакот, додека второто детско игралиште ќе биде во населбата Типски. Вкупната вредност на овие два проекта изнесува околу 8 милиони денари.
Со ова продолжуваме да инвестираме во создавање на безбедни и модерни простори за децата, но и да придонесуваме за поубав и поквалитетен урбан амбиент во сите делови на градот.
Деновиве продолжуваме со потпишување и на сите останати проекти одобрени во рамки на владините програми за поддршка, кои ќе донесат дополнителен развој и унапредување на Прилеп“, истакна Јовчески.