Ќе се прави дигитален регистар на загадувачи – компаниите ќе мора да информираат што испуштаат во воздухот и водата

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) најави нов, засилен пакет мерки за борба против индустриското загадување. Клучниот столб на овие промени е воспоставувањето на Регистар на загадувачи, систем кој ќе овозможи прецизен увид во тоа колку индустријата ја загадува околината, колку енергија троши и како управува со отпадот.

Сите компании кои имаат А-интегрирана дозвола издадена од Министерството за животна средина ќе бидат дел од тој регистар на загадувачи, во кој ќе мора да ги споделуваат со јавноста сите податоци поврзани со мерењата на емисиите во воздухот, водата или почвата кои се обврзани да ги прават. Регистарот, според министерот Муамет Хоџа ќе треба да ја зголеми транспарентноста во работењето на компаниите, а на јавноста да и обезбеди навремени и релевантни податоци.

„Во следниот период ќе одржиме средби со сите компании кои имаат А-интегрирани дозволи со цел да ги информираме за новините од законот за индустриски емисии кој стапува во сила од септември 2027 година на кои ќе треба да се адаптираат. Една од темите на средбата ќе биде и дигиталната платформа во форма на регистар на која ќе треба да ги објавуваат податоците“, рече Хоџа.

Според министерот системски ќе се собираат и јавно ќе се објавуваат податоци за емисиите на индустриските загадувачи, за преносот на отпад надвор од локацијата, за загадувањето на отпадните води како и за потрошувачката на енергија, вода и суровини.

Регистарот ќе биде отворен за јавноста, а секој заинтересиран ќе може да го отвори и да ги види резултатите од лабораториските анализи кои се должни да ги направат загадувачите. Мониторингот на работењето, посочуваат од Министерството, е обврска на компанијата, која треба да го сноси и трошокот за направените анализи, а државните органи, како Државниот инспекторат за животна средина, контроли ќе прават само кога ќе постои сомнеж во резултатите кои ги доставиле компаниите или видливо загадување, што е практика воспоставена и во Европската унија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци