Џафери: Коалицијата треба да одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во Службен весник

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска повтори дека Законот за јазиците ќе биде испратен во Службен весник во соодветно време, појаснувајќи дека тоа не е негова индивидуална задача, туку дека станува збор за одлука што треба да ја донесе коалицијата.

 

На прашањето која е пречката законот да биде испратен до Службен весник Џафери рече дека „се работи за институционално прашање, а не за индивидуалнои дека треба да се најде „форма на крајна реализација“.

Според Џафери, доколку мнозинство од 61 пратеник изгласа распуштање на Парламентот, тој е должен да распише избори, но смета дека предвремени парламентарни избори не треба да има имајќи ги предвид сериозните прашања за кои се решава во земјата.

 

„Не можам да прогнозирам дали ќе има предвремени избори, меѓутоа во сериозна држава каде што се очекува да се случуваат сериозни работи не би требало ни да е размислува за тоа. Ако некој размислува за тоа, тоа би било теснопартиска политичка желба. Ако се размислува државнички и за иднината на граѓаните тогаш не треба никој да размислува за избори“, рече Џафери.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци