ЏК Сеишин – Прилеп продолжува да нижи успеси на меѓународна сцена, 5 медали на турнирот во Никшиќ



На 20.10.2024 година во Никшиќ Црна Гора се одржа 15 ти Меѓународен Турнир во Џудо „Трофејот на Никшиќ-2024“. На овој турнир учество зедоа вкупно 488 натпреварувачи од 41 клуб од 5 држави во многу силна конкуренција. ЏК Сеишин – Прилеп зеде учество со 7 натпреварувачи а освоени се 5 медали ( 1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени).

Резултати поединечно:

  1. Тамара Илиоска 1 во место
  2. Теодора Илиоска 2 ро место
  3. Матеја Николоска 3 то место
  4. Дила Пупаловиќ 3 то место
  5. Марко Ацески 3 то место
  6. Јована Цветкоска 5 то место
  7. Елдина Пупаловиќ 5 то место

Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Дејан Мицкоски кои со оглед на големата конкуренција се задоволни од резултатите. ЏК Сеишин-Прилеп продолжува со подготовки за следните меѓународни турнири.

 

\

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира