11 проекти со кои аплицираше Прилеп – Реконструкција на плоштади, улици и водоводи, изградба на мостови, детски игралишта, фотонапонски централи

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Општина Прилеп продолжува со интензивна работа за унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, истакнуваат од локалната самоуправа на Прилеп и додаваат дека во рамките на Јавниот повик објавен од Министерството за Локална самоуправа, поднесле 11 значајни проекти, кои ќе бидат финансирани со поддршка на Владата на Република Македонија.

„Ова се проекти од витално значење за сите граѓани, а нивната реализација ќе значи поквалитетен живот, подобра инфраструктура и современи урбани решенија: 

  • Реконструкција на дел од плоштад Методија Андонов-Ченто (пред хотел Скопје) и поставување на урбана опрема
  • Изградба на мост на ул. Победа над река Оревоечка
  • Реконструкција на ул. Орде Чопела – влез на градот од Македонски Брод
  • Комплетна реконструкција, вклучително со електротехника, на улицата Трајко Николоски
  • Изградба на ново детско игралиште во центарот на градот (позади Участакот)
  • Изградба на ново детско игралиште на улицата Борка Талески во населбата Типски
  • Изградба на водоснабдителен систем во село Лениште
  • Реконструкција на главен потисен цевковод за водоснабдување на Индустриската зона и комплексот на Манастирот Св. Димитрија во село Селце
  • Изградба на фотонапонска централа која се поставува на објекти (на Пречистителната станица)
  • Интеграција на дистрибуирани локации од водоснабдителен систем на град Прилеп во постоечки SCADA систем и интеграција со ГИС систем
  • Проект за промена на водоводна мрежа од јазол на Бул. “Гоце Делчев” со улица “Кузман Јосифоски” (бр. 1-55) до јазол на улица “Кузман Јосифоски” со ул. “Ленин” (бр. 1-72) – фаза Хидротехника

истакнуваат од Општина Прилеп.

Дополнително, во завршна фаза е и подготовката за уште еден капитален проект – Обиколница – Исток (од Сивец до А1), кој била во постапка за добивање на одобрение за градба.

„Изминатиот период, тимот на Општина Прилеп работеше со максимална посветеност на подготовка и апликација на овие проекти, со цел да реализираме што повеќе значајни инфраструктурни зафати и да ги решиме приоритетните прашања од интерес за граѓаните“, додаваат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми