ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Општина Прилеп продолжува со интензивна работа за унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, истакнуваат од локалната самоуправа на Прилеп и додаваат дека во рамките на Јавниот повик објавен од Министерството за Локална самоуправа, поднесле 11 значајни проекти, кои ќе бидат финансирани со поддршка на Владата на Република Македонија.
„Ова се проекти од витално значење за сите граѓани, а нивната реализација ќе значи поквалитетен живот, подобра инфраструктура и современи урбани решенија:
- Реконструкција на дел од плоштад Методија Андонов-Ченто (пред хотел Скопје) и поставување на урбана опрема
- Изградба на мост на ул. Победа над река Оревоечка
- Реконструкција на ул. Орде Чопела – влез на градот од Македонски Брод
- Комплетна реконструкција, вклучително со електротехника, на улицата Трајко Николоски
- Изградба на ново детско игралиште во центарот на градот (позади Участакот)
- Изградба на ново детско игралиште на улицата Борка Талески во населбата Типски
- Изградба на водоснабдителен систем во село Лениште
- Реконструкција на главен потисен цевковод за водоснабдување на Индустриската зона и комплексот на Манастирот Св. Димитрија во село Селце
- Изградба на фотонапонска централа која се поставува на објекти (на Пречистителната станица)
- Интеграција на дистрибуирани локации од водоснабдителен систем на град Прилеп во постоечки SCADA систем и интеграција со ГИС систем
- Проект за промена на водоводна мрежа од јазол на Бул. “Гоце Делчев” со улица “Кузман Јосифоски” (бр. 1-55) до јазол на улица “Кузман Јосифоски” со ул. “Ленин” (бр. 1-72) – фаза Хидротехника
истакнуваат од Општина Прилеп.
Дополнително, во завршна фаза е и подготовката за уште еден капитален проект – Обиколница – Исток (од Сивец до А1), кој била во постапка за добивање на одобрение за градба.
„Изминатиот период, тимот на Општина Прилеп работеше со максимална посветеност на подготовка и апликација на овие проекти, со цел да реализираме што повеќе значајни инфраструктурни зафати и да ги решиме приоритетните прашања од интерес за граѓаните“, додаваат од Општина Прилеп.