Граѓаните кои ќе доаѓаат од Авганистан ќе треба да бидат во карантин 14 дена и дополнително ќе се оди на нивно вакцинирање.
„Да, разговаравме за тоа, а до Владата ќе препорачаме сите кои доаѓаат од Авганистан да бидат во задолжителен карантин од 14 дена и дополнитлно да се спроведе вакцинација кај нив. Се работи за мал број луѓе“, рече министерот за здравство Венко Филипче.