143 нови случаи од ковид-19 и 2 починати лица


Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2,  Кавадарци, Битола и Гевгелија  – по 1.

Пријавени се 2 починати лица од Тетово (31г и 70г) во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира