„150 години Тут-Ком Прилеп 1873-2023“ – нова книга на д-р Љубен Попоски, уникатно дело за историјата и значењето на тутунот

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Наскоро излегува од печат книгата „150 години Тут-Ком Прилеп 1873-2023“ од д-р Љубен Попоски – уникатно дело што ја открива историјата и значењето на тутунот во Македонија, особено во Прилеп, но и го одбележува богатото културно и стопанско наследство на градот.

 

Делото претставува документарен приказ на историјата и значењето на тутунот и тутунската индустрија, која со децении има клучна улога во развојот на националната економија и е двигател на економскиот и општествениот живот во Прилеп.

Тутунската индустрија мобилизира милионска работна сила, започнувајќи од примарното производство, преку обработката и производството на цигари, па се до прометот на тутунски производи и придружната индустрија. Со тоа таа создава синџир на вработувања и воедно ја ангажира науката за истражување на сите аспекти поврзани со оваа култура.

 

И покрај глобалната антипушачка пропаганда, тутунот и денес задржува особено место во стопанствата на многу држави. Во своето истражување д-р Попоски успева да ја прикаже сложената приказна за Прилеп како центар на оваа индустрија и да ја претстави книгата како капитално дело за историјата и иднината на македонскиот тутун.

Во моментов се собираат донации и средства за нејзино печатење, од Друштвото за наука и уметност во Прилеп како издавач, се надеваат дека на ова ќе се приклучат што е можно повеќе компании од градот, за да може книгата побрзо да го види светлото на денот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми