19 пациенти позитивни на коронавирус хоспитализирани во Општа болница Прилеп, 3 од нив на кислородна поддршка

 

Во Инфективното оддление се хоспитализирани 24 пациенти. 19 од нив се позитивни на коронавирус, од кои 3 се на кислородна поддршка.

5 пациенти се наоѓаат во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.

До сега, вкупно во Центарот за јавно здравје земени се 460 материјали, од кои 117 биле позитивни.

Имаме 7 целосно излекувани пациенти, со потврдени 2 последователно негативни брисови на КОВИД-19. Шест пациенти се со еден потврден негативен брис, а за вториот се чека резултат.

Во самоизолација се наоѓаат околу 500 лица.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира