ВМРО-ДПМНЕ : Прилеп прерасна во една од најатрактивните општини за инвестирање

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилеп успеа во изминатите 12 години целосно да се трансформира од град со затворени фабрики, илјадници невработени, уништена економија и болна транзиција, во град каде инвеститорите наоѓаат привлечно место за развој на своите бизниси. Ова денеска на Прес конференција го истакнаа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Главен предуслов за ова се секако добрите услови за инвестирање и поволна бизнис клима кои ги обезбедивладата на ВМРО –ДПМНЕ, бројните поволности кои ги овозможи АВРМ и секако уловите и поволностите кои ги обезбеди локалната самоуправа Прилеп. Со измената на Генералниот урбанистички план и изградбата на индустриски зони

обезбедивме услови за развој на стопанството во Прилеп. Целосно е распродадена и инфраструктурно изградена индустриската зона Металец, во која веќе започнаа со работа 4 локални компании. Само во Металец ќе се вработат преку 1500 сограѓани. Веќе во фаза на продажба се и локациите во индустриката зона Прилеп 2 во која од 12 се веќе продадени 5 градежни парцели и во истата ќе се вработат преку 1000 лица. Обезбедивме услови за инвестирање и во индустриската зона Прилеп 3, 4 и 5.

Во меѓувреме Прилеп доби и Технолошко Индустриска Развојна Зона во која веќе работат 3 светски компании. Американскиот гигант во автомобилската индустрија „Гентерм“, инвестираше 20 милиони евра и вработи над 1.000 работници. Со отворањето на уште 2 нови хали, кои што ги планира компанијата, целта е да се вработат преку 2.000 луѓе.

Во 2016 се изгради и објектот на германската компанија „Акомпласт“ која веќе започна со работа. Вкупната инвестиција изнесува 3 милиони евра. Во оваа фабрика треба да се вработат околу 250 лица.

Третиот странски инвеститор кој го донесе Владата на ВМРО-ДПМНЕ во ТИРЗ Прилеп е германскиот гигант „ВИК“ кој ќе биде првата еколошка или „зелена фабрика“ во Македонија, и истате ќе вработи 2000 лица, наши сограѓани.

Приоритети на секоја сериозна локална самоуправа треба да бидат изградбата на инфраструктура и локалниот економски развој. Со ова покажавме дека успешно ги исполнуваме и двата приоритети и со сите овие инвестиции придонесовме во периодот од 2005 до 2017 година во Прилеп да се случи рекордно намалување на невработеноста предзвикана од транзициското пустошење од страна на СДС. Во 2005 година биле регистрирани 25.033 невработени лица, а во 2017 се регистрирани 13.835 невработени лица, што во бројки значи невработеноста за периодот од 2005 до 2017 година е намалена за 11.198 лица. Треба ли да ве потсетиме уште еднаш што се случи со прилепските и македонските гиганти Микрон, Билјана, Центропромет и многу други жртви на матната и плански спроведената транзиција од страна на пулените на СДС?

Дополнителен мотив за влез на новите странски и домашни инвеститори кои поради политката на владата на СДС почнаа и да се откажуваат од своите намери за инвестирање беше и изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп и експресниот пат Прилеп – Градско.

Владата на СДС ги стопира овие капитални проекти а со тоа го стопира и економскиот развој на градот и го стопира отворањето на нови работни места и подобар живот на граѓаните наспроти нивните ветувања дека доаѓа живот. Единствено што дојде е двојазичноста, пониските пензии, поскапата струја и населувањето на бегалци на територијата на Македонија.

Покрај сите овие опструкции и блокади, ние продолжуваме уште порешително и посилно да се бориме за нови работни места и подобар живот за сограѓаните а дека тоа е така потврда за тоа ќе биде новата победа на ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори“, рекоа од О.К на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи