Изложба на кавер фотографии на Фотини Ламп Потамиа на џез фестивалот во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Вечерва, во фојаето на ЦК „Марко Цепенкoв“ во рамките на Интернационалниот џез фестивал, беше поставена интересна изложба од 20 – тина фотографии и кавер фотографии (за СD опаковки и музички албуми), изработени за музичката продукциска корпорација ЕСМ records, на познатата фотографка и изработувач за фотографија и кавер фотографија, во различна графичка техника, Фотини Ламп Потамиа,  која   е и официјален фотограф на познатата германска продукциска џез куќа од Минхен, ЕСМ (Editions of Contemporary Music) records.

„Станува збор за прва изложба од ваков вид во Македонија. Изложебата е за нас од огромно значење, бидјеќи преку неа добиваме можност Џез фестивалот во Прилеп да се промовира секаде во светот. Фотими Потамиа имавме среќа да ја запознаеме минатата година, преку нејзиниот сопруг Дине Донев, кој учествуваше на минатогодишниот фестивал и се договоривме оваа година да ни ги изложи нејзините фото креации, фотографија и кавер фотографија, што ни е особена чест, бидејќи ова е нешто несекојдневно“, рече организаторот на Интернационалниот џез фестивал, Снежана Ристеска.

Изложбата беше пропратена со аудио визуелен перформанс на сликарот Тома Димовски и Донеф Дуо со импровизиран панк џез до совремна класика, а беше надополнета и со промоцијата на албумот„Русилово“ на Дине Донев  “Неред„ издадена од корпорацијата  ЕСМ records.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи