ВМРО-ДПМНЕ : Каде одат парите од секојдневното задолжување на владата предводена од СДС ?

 

Целата прес конференција ја пренесуваме во целост.

Неспособноста на владата предводена од СДС, се потврдува секојден се повеќе и повеќе. И покрај тоа што ветуваа просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари 100.000 денари плата за докторите, ослободување од плаќање на радиодифузна такса, поевтинување на струјата и уште многу други работи, засега нема најава за реализација на ниту едно од овие ветувања.

 

Единствено што најмногу и успева на оваа Влада, е да ја заглавува државата и граѓаните во долгови. Иако уште не поминале ниту 100 дена од владеењето, министерот Тевдовски дос ега ја задолжи Република Македонија со 334 милиони евра, или на дневно ниво за речиси 4.175.000 евра.

 

Уште позагрижувачки е фактот што оваа Влада освен што ги стопира веќе започнатите проекти кои беа пред своја конечна реализација, на граѓаните не им понуди или најави, ниту еден нов значаен проект. Народот има право да знае која е причината за ваквото големо задолжување и за каква намена одат овие пари.

 

На ваков нетранспарентен начин на работа, во прашање се доведува и македонската економија. Да ве потсетиме дека во време на вашето владеење беа затворени 684 фабрики, а на улица беа оставени речиси 200.000 граѓани.

 

Не смее на Македонија да и се повтори уште едно вакво погубно сценарио кое зад себе ќе остави трајни последици. Македонската јавност реагира на недомаќинско трошење пари за луксузирање на одредени поединци од редовите на СДС, покривање на партиски вработувања во институциите и забрзаната партизација на државниот апарат, наместо вложување во покачување на платите и пензиите, нови проекти, како што впрочем беше ветувано.

 

Затоа на 15 октомври, на СДС ќе и’ биде испорачана првата пресуда од народот со уште еден изборен пораз во низа, како директен одраз на незадоволството поради лошите политики“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи