ВИДЕО- ВМРО-ДПМНЕ : Направивме огромни инвестиции во заштита на црковното наследство во прилепско

Културата е белег на нашето постоење и нераскинлив дел од идентитетот на секој народ. Развојот на културата и негувањето на културните вредности претставуваат еден од важните сегменти во работењето на ВМРО-ДПМНЕ. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е одговорна партија која преку идеи и проекти направи огромни инвестиции во заштита на црковното наследство во Прилеп и прилепско.

 

Во изминативе 12 години локалната самоуправа на Прилеп, со поддршка на Министерството за култура и Владата на ВМРО – ДПМНЕ многу инвестираше во заштита на нашето културно богатство, во кое како значаен дел спаѓа и црковното наследство. Манастирите и црквите се значаен дел нашата култура, историја и традиција. Токму затоа во изминатава деценија се работеше на обновување на најзначајните вакви светилишта, дел од нив стари и по скоро еден

милениум.

 

Моментално интензивно се градат опожарените конаци на манастирот Трескавец кај Прилеп. Проектот е финансиран од Министерството за култура и Владата на ВМРО –ДПМНЕ и според првичните проценки тој ќе чини околу 2 милиони евра, а ќе биде готов во текот на 2018 година.

 

Паралелно на Трескавец се работи на изработка на проектите за реконструкција и

реставрација на црквата, старата трпезарија, магерницата, магерничкиот конак и

камбанаријата.

 

Владата на ВМРО – ДПМНЕ заедно со тогашното Министерство за транспорт и врскина 28.08.2013 година го пушти во употреба новоизградениот асфалтен пат до манастирот, долг 7,5 км и инвестиција кој чинеше околу 1,8 милиони евра.

Паралелно со обновата на конаците во последниве 3 години тука се изведоа и голем број на археолошки истражувања кои го потврдија постоењето на античката населба „Колобаиса“, која била лоцирана токму на овој простор, околу и во самиот манастир.

 

Активно се работеше и во манастирот Свето Преображение Зрзе, еден од најзначајните и најубави манастири во регионов, кој во 2016 година доби комплетно нови монашки конаци. До овој манастир во 2014 беше изграден и нов асфалтен пат во должина од 7,5 км. и ширина од 5 метри заедно со банкините. Инвестицијата за патот чинеше 1,6 милиони евра, а парите

беа обезбедени токму од Владата на ВМРО – ДПМНЕ.

 

После децении на нефункционирање, а благодарение на ВМРО – ДПМНЕво 2016 година повторно беше изграден и ставен во функција источниот конак на манастирот Свети Архангел Михаил во прилепската населба Варош.

 

После векови мананастирот Свети Никола во селото Манастир во Мариово доби нов монашки конак. Средствата за оваа инвестиција беа обезбедени од Министерството за култура кое заедно со Заводот и музеј Прилеп секоја година работи и на заштита и конзервација на манастирската црква која потекнува од 11 век.

 

Претходно до селото Манастир каде се наоѓа и манастирот Свети Никола за прв пат во историјата се изгради асфалтен пат во должина од околу 3 км, инвестиција од 16 милиони денари.

 

Се изгради и асфалтен пат до манастирот „Св. Димитрија“ во н.м Селце, со должина од 2.2 км. за што беа инвестирани 9 милиони денари, а асфалтен пат доби и манастирот „Света Петка“, кај селото Лениште во должина од 1.2 км, инвестиција од 6.6 милиони денари.

 

Освен на обнова и изградба на манастирите во прилепско и неговата околина се работеше и на изградба на нови цркви.

 

Така што после по скоро 100 години во Прилеп, во населбата Точила, се изгради нова црква посветена на православната светителка Света Петка. Најзаслужни секако за изградба на храмот се бизнис секторот од Прилеп, верниците и општина Прилеп. Храмот беше осветен на 24 октомври 2015 година.

 

Во кругот на општата болница во Прилеп „Борка Талески“ се изгради црква посветена на православниот светител Свети Великомаченик Пантелејмон.

 

Нова црква доби и типската населба која е посветена на светителите „Константин и Елена“. Прилепчани добија и црква посветена на големиот македонски светител „Свети Наум Охридски Чудотворец“.

 

Се планира во иднина градот под Марковите кули да добие уште три нови верски храмови кои е планирано да бидат изградени во населбите Тризла, Сточен пазар и Марино Маало.

 

Сите овие проекти, но и многу други се само континуитет во инвестициите во културата, кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира на локално ниво. Нашите досегашни дела се показател дека ќе продолжиме да градиме и инвестираме и во иднина. Новите дела во областа на културата ќе значат и понапреден град – понапредна Република Македонија“.рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи