Алекс Окслејд-Чемберлен во Ливерпул за 40 милиони фунти

 Ливерпул се согласи да плати 40 милиони фунти за играчот од средниот ред на Арсенал Алекс Окслејд-Чемберлен.

 

24 годишниот фудбалер, кој претходно одби трансфер во градскиот ривал Челзи, потпиша 5 годишен договор, при што ќе заработува 120 000 фунти неделно. Тој исто така одби да потпиши и нов договор со Арсенал, со кој што ќе заработуваше 180 000 фунти неделно. Се очекува медицинските прегледи да ги да ги помине пред да отпатува за Малта со англиската репрезентација. Чемберлен имаше 198 настапи за Арсенал, при што постигна 20 гола.

 

Освен овој трансфер, Ливерпул ова лето потпиша договори и со Мохамед Салах од Рома за 34 милиони фунти, Андру Робертсон од Хул за 8 милиони фунти и Доминик Соланке откако заврши неговиот договор со Челзи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи