Арсенал им побара 60 милиони евра на Барселона за играчот од средниот ред Месут Озил, откако шпанскиот гигант испратил понуда за трансфер во последниот ден од трансфер периодот, соопштуваат шпанските медиуми. Според Кадена КОПЕ, Барса своето внимание го насочува кон Озил поради фактот Ливерпул сеуште одбива да ја продаде својата бразилска звезда Кутињо, во кој што гледаат замена за својот капитен Иниеста.
Озил ја игра последната сезона од својот договор со Арсенал и наредното лето ќе биде слободен играч доколку не го продолжи својот договор. Интересно е што Озил е бивш играч на Реал Мадрид со преку 100 настапи за кралскиот клуб, најголемиот ривал на Барселона како во Шпанија, така и на европската сцена ако се земе во обзир доминацијата на двата клуба последниве години.