ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Дали е доведена во прашање работата на фабриките и вработените во ТИРЗ Прилеп?

Откако СДС ја презеде власта во Република Македонија, домашната економија е во постојан пад. Секојдневните милионски задолжувања, расфрлањето на државните хартии од вредност и игнорантскиот однос кон странските инвеститори, го земаат данокот. Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Ако само во првите 5 месеци од 2017 година, владата на ВМРО-ДПМНЕ во тешки политички околности успеа да донесе 7 инвестиции кoи ќе отворат 4.400 работни места, сега оваа расипничка влада на СДС е на пат да ги избрка сите потенцијални инвеститори и да ги обесхрабри постоечките во понатамошно инвестирање и отварање на нови работни места.

 

Она што успеа да го постигне ВМРО-ДПМНЕ, што значеше илјадници нови работни места на целата територија на Република Македонија и леб за исто толку семејства, неспособната влада на СДС е на пат да го сруши.

 

Во изминатите години странските инвестиции беа двигател на македонската економија, стимул за домашните компании и главна причина за растот на бруто домашниот производ и извозот.

 

За неполни 100 дена откако се на власт, СДС се откажа од 60-тина странски компании и 25.000 потенцијални работни места. Со сите овие компании изгубен е секаков контакт, а претходно владиниот тим на ВМРО-ДПМНЕ водел интензивни преговори.

 

Јавното објавување на договорите со странските инвеститори, кои патем се во согласност со закон, прифатен и одобрен како таков од Европската Комисија, ќе значи одвлекување на голем број потенцијални инвеститори, кои ја препознаа поволната бизнис клима во нашата држава.

 

И не само тоа! Ваквата одлука на владата на СДС ќе ги одвлече постоечките инвеститори во проширување на нивните производствени капацитети, а во најлош случај тоа може да значи клуч на нивните погони и нивно заминување од Република Македонија.

 

Веќе во вчерашниот ден 3 големи мултинационални компании го најавија своето повлекување од Македонија и преместување на нивните капацитети во регионо. Ова ќе значи отпуштање на повеќе од 2000 вработени само поради климата на непријателство која ја води оваа влада.

 

Kaко прилепчани со oваа одлука во прашање da бидат доведени и повеќе од 1000 вработени во американскиот гигант Гентерм сместен во технолошко индустриската зона Алинци во Прилеп. Не сакаме во прашање да биде доведено започнувањето на производството на германската Акомпласт и 150 планирани вработувања во оваа фабрика, како и фабриката на

групацијата ВИК која треба да обезбеди 1000 вработувања.

 

Неспособните кадри на СДС на ваков начин од град во подем, Прилеп повторно ли сакаат да го стават на работ на егзистенцијата и да го вратат во периодот пред 2006 година, кога градот крпеше крај со крај и располагаше со цела армија невработени лица.

 

Циркузот на оваа влада мора да заврши. Ние немаме држава за распродавање и држава која ќе служи само како корист за бизнис интересите на луѓето во СДС. На 15ти октовмри вие граѓаните ќе го зададете првиот удар на оваа ненародна власт. На 15ти октомври вие граѓаните сте на потег да пресудите во која насока треба да се движи државата“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи