Челзи повторно под истрага на ФИФА

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

ФИФА отвори истрага против Челзи за наводно прекршување на регулациите за купување на млади играчи од странство. Ова е трет пат во последниве осум години Челзи да биди под истрага на ФИФА за истите причини, но сепак брзо решавање на случајот не е очекувано. Истражувани се трансфери на играчи под 18 години, иако не е наведено точно за кои трансфери станува збор.

 

Строги правила се воведени баш во тоа поле, со цел заштита на помалите и посиромашни клубови од  трансфер на нивните млади таленти во поголеми клубови за одредена сума. Челзи еднаш веќе беше казнет за трансферот на Гаел Какута од Ленс во 2007 година. Францускиот клуб испрати жалба за начинот на кој Челзи го “украде“ нивниот играч, кој сеуште беше под важечки договор со Ленс. Англискиот клуб доби казна од забрана за купување на нови играчи во наредните два трансфер периоди, која сепак подоцна беше укината.

 

Вториот случај беше околу трансферот на интернационалецот од Буркина Фасо, Бертранд Траоре, кој што играше на пријателски натпревар со Арсенал, пред да биде дадена дозвола за неговата земја. Сепак Челзи се жалеше и за овој случај и на крајот докажа дека нема основа за покревање на било каква казна.

 

Шпанските клубови од Мадрид, Реал и Атлетико, исто така беа казнети од страна на ФИФА за истите причини. Атлетико доби казна од 2 трансфер периоди, додека пак Реал кој исто така доби забрана од два трансфер периоди, успеа да ја намали казната на само еден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи