Преку 200 загинати во силниот земјотрес во Мексико Сити

Facebook
Twitter
Email
Print

Мексико беше погоден од силен земјотрес во вторникот, кој остави за себе 217 жртви и голем број на разурнати објекти. Меѓу загинатите се и 21 дете, кои спасувачите ги пронашле во едно разурнато основно училиште. Тектонското движење го активираше и вулканот Попокатепетел и е прогласено црвено ниво на тревога. Претседателот Нието побара соработка и внимателност од граѓаните.

 

Земјотресот со силина од 7.1 степени според Рихтер се случи на годишнината од страшниот земјотрес во 1985 година, кој го остави Мексико Сити во урнатини. Според Американскиот геолошки институт, епицентарот на силниот земјотрес бил во државата Пуебло, 120 километри источно од Мексико Сити, на длабочина од 51 километар, во 13:14 часот.

 

 

Четириест и три од жртвите се во државата Пуебла, додека 71 во Морелос, јужно од главниот град. Сепак најголем број од жртвите се од Мексико Сити, каде билансот е 86 загинати. Голем дел од регионот е без електрична енергија, односно 40% од Мексико Сити и 60% од државата Морелос.

 

„Земјотресот е многу тежок и болен тест за нашата земја. Ние, како Мексиканци и претходно имаме тешки искуства со земјотреси во минатото. Научивме да се справуваме со овие ситуации со посвета и во духот на солидарноста. Ќе останеме обединети, справувајќи се со овој нов предизвик заедно“, изјави претседателот Енрике Пена Нието во обраќањето до јавноста по земјотресот.

 

На овој земјотрес му претходеше уште еден кој се случи на 7 септември, во кој на југот од земјата загинаа 98 луѓе, а преку 300 беа повредени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи