Tортурата врз вработените во „Еурокомпозит“ продолжува со појак интензитет! Според наши сознанија спротивно на волјата на Синдикатот кој минатата недела се изјасни дека 8 од 11 погони се ЗА ШТРАЈК, под притисок на директорот, ова загарантирано право на вработените им е скратено! Истакнаа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Срамно е, во 21 век директорот да се заканува на вработените да не штрајкуваат!
Исплатата на сработените плати се уценува со одржувањето на штрајкот, иако синдикалците имаа договор за 45 дена да се исплатат 3 плати. Но, ништо од тоа!
Ангажирана е приватна агенција за обезбедување, само 4 стражари останаа на своите позиции, а другите се повлечени.
За жал нови договори за работа нема, фирмата се повеќе тоне, а вработените секојдневно се соочиваат со притисоци!
Го повикуваме вицепремиерот Кочо Анѓушев кој во четврток ќе доаѓа во Прилеп да ја отвори германската инвестиција”АКОМПЛАСТ” инаку дело на ВМРО-ДПМНЕ, да дојде во Еурокомпозит и на вработените да им ги исплати ветените плати“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.