ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Пад на образовниот систем! СДСМ удри по образованието!

Преку инвестиции во образованието, ние инвестираме во здрави и успешни генерации. Инвестициите во образованието придонесуваат за поквалитетен образовен процес. Образованието за време на ВМРО – ДПМНЕ беше еден од најважните приоритети на Владата и затоа од година во година се зголемуваа инвестициите кои дадоа модерен и квалитетен македонски образовен систем. Рекоа на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцкија ја пренесуваме во целост.

 

 

„Владата на СДСМ со ребалансот на Буџетот скрати цели 453.800.000 денари, пари наменети за основно и средно образование. Скрати во изградба на спортски сали, детски градинки. Со ова во основното и средното образование се блокираат и инфраструктурни проекти, се кратат пари за реновирање и изградба на основни и средни училишта, нема да има компјутер за секое дете, Стоп на имплеметацијата на Кембриџ – образовниот систем, се укинуваат пари за изградба на спортски сали во основните и средните училишта, се укинуваат и пари наменети за интегрирани училници за основното и средното образование со кои би се подобрил квалитетот на образованието на учениците.

 

Само во моментот во Прилеп стагнирани се проектите: уредување на санитариите во ОУ „Гоце Делчев“, промена на надворешната сторларија во гимназијата „Мирче Ацев“, комплетно реновирање на стариот дел од средното економско училиште „Кузман Јосифоски- Питу“, стопирани се изградбите на двете спортски сали во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ и ОУ „Кочо Рацин“, а воопшто не се разгледани проектите за повеќенаменското училиште во н.м Канатларци и во ОУ „Рампо Левката“.

 

Само за потсетување, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се вложуваше по еден милион евра годишно инвестиции во училиштата во Прилеп во изминатите 12 години.

 

Изградивме нови училишта со нови ликови, училници, компјутер за секое дете, промена на целосна столарија, реконструкција на кровови, реконструкција на подовите и целосна санација на санитарните јазли, нови влезови, парковски површини, асфалтирање на спортски терени во училишните дворови, отворивме и три нови современи монтажни училишта во н.м Беровци, Чепигово и Галичани, нови спортски сали, тениски игралишта…

 

Почитувани, СДСМ удри по образованието ! Со новиот ребаланс во буџетот и кратење од парите наменети за основното и средното образование СДСМ, врши класичен масакр во образованието и ќе ги уназади идните генерации. Преку овој потег, јасно се гледа дека на СДСМ образованието не им е приоритет, иако инвестициите во образованието и образовниот систем треба да се на прво место“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи