Редакцијата на „Инфо Компас“ направи кратко интервју со Душко Димкоски, претседател на Здружение „Велосипед 2015“ кое на 1 октомври ќе го организира 4-тиот по ред велосипедски настан „Тура преку Слива“.
Стартот на турата е од плоштадот „Александрија“, а таа ќе ги опфати селата : Волково, Чумово, Штавица, Бонче, Подмол и Марул.
Освен „Тура преку Слива“, Здружението „Велосипед 2015“ ја организира и „Дервенска тура“ и други велосипедски манифестации.
Повеќе околу развојот и перспективите на планинскиот велосипедизам во Прилеп и Македонија погледнете подолу во видео интервјуто.