Првата екстремно десничарска партија во Германија, Алтернативата за Германија (АФД), која треба да влезе во германскиот парламент по повеќе од половина век, вели дека ќе изврши притисок за канцеларката Ангела Меркел да биде “строго казнета” за отворање на вратата за бегалците и мигрантите.
И додека се очекува Ангела Меркел да го освои четвртиот мандат, се предвидува дека радикалната странка АФД ќе заврши на третото место на изборите за Бундестаг, а со 12% освоени гласови, би можела да добие 50 пратенички места. Со тоа алтернативата за Германија би можела да стане трета по големина партија со 12 отсто од гласовите. Тоа е далеку помалку од слични движења во другите европски земји – во Франција, екстремно десничарскиот лидер Марин Ле Пен освои 34 отсто од гласовите во мај, а во Холандија, десничарот Геерт Вилдерс постигна 13 отсто на изборите во март.
„Првпат од Втората светска војна, во германскиот парламент ќе седат нацисти“. Тие луѓе имаат реторика што сум ја слушал во семејството“, изјави министерот за внатрешни работи, Зигмар Габриел, додавајќи дека татко му бил нацист.
Водечкиот кандидат АФД Александар Галанд негира дека се нацисти. Вели дека други го користат само овој термин поради популарноста на партијата. Партијата доби поддршка со повиците за Германија веднаш да ги затвори своите граници, да воведе минимална квота за депортации и да ги спречи бегалците кои ги носат своите семејства таму.
“Постепено стануваме странци во нашата земја”, изјави Галанд на еден од изборните митинзи.
Контроверзниот Галанд предизвика револт со својата изјава дадена на друг настан каде изјави дека Германците повеќе не треба да се прекоруваат за своето нацистичкото минато и дека тие треба да се гордеат со она што нивните војници ги постигнале за време на Првата и Втората светска војна.
Нацистите владееле со Германија од 1933 до 1945 година, за кое време убиле 6 милиони Евреи во Холокаустот и ги нападнале сите држави низ Европа.