Милан му нуди излез на Кавани од ПСЖ и проблемите со Нејмар

Иднината на Уругваецот  во тимот на ПСЖ е доведена во знак прашање по доаѓањето на Нејмар и постојаните конфронтации помеѓу нив двајца. Италијанскиот клуб се надева дека ќе ја искористи ситуацијата и ќе го убеди Кавани да премине во Серија А.

 

Нејмар ги заостри односите со Кавани откако двајцата имаа кавга кој да ги изведува ударите од 11 метри. Откако го одследи на социјалните мрежи, сè погласни се шпекулациите дека најскапиот фудбалер во светот побарал од ПСЖ да се ослободи од својот напаѓач. Иако ја има поддршката од својот тренер Емери, сепак Уругваецот по сè изгледа  е на излезна врата од ПСЖ со оглед на тоа што претседател на клубот е на страната на својата нова ѕвезда.

 

Трансфер во јануари е скоро невозможен со оглед на сеуште високата откупна клаузула која ја има Кавани, но и поради фактот што тој веќе настапи за ПСЖ во лигата на шампионите. Меѓутоа шансите за потенцијален трасфер на крајот од сезоната се доста високи и Милан се подготвуваат тоа да го искористат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien