Ангела Меркел се избори за четврт мандат

Facebook
Twitter
Email
Print

Германската канцеларка Ангела Меркел се избори за нов, четврт мандат, додека националистите направија историски резултат на последите избори во Германија.

 

Коалиција помеѓу нејзината Христијанско-демократска унија и Христијанско-социјалната унија го доживеа најлошиот резултат во последните 70 години, но сепак повторно го доби мнозинството на гласови и останува најголема пратеничка група во парламентот. Нивниот досегашен партнер во коалицијата, социјалдемократската СПД, изјави дека ќе продолжи како опозиција по катастрофалниот пораз доживеан на изборите. Националистичката Алтернатива за Германија ги доби нивните први места во германскиот парламент и ќе биде третата партија по бројност во истиот.

 

Обраќајќи се пред нејзините поддржувачи, Меркел која веќе 12 години е Канцелар на Германија, изјави дека се надевала на подобар резултат. Додаде дека ќе ги слуша поплаките и ставовите на гласачите на Алтернатива за Германија со цел да ги придобие назад. Меркел истакна дека ќе се справи со економските и безбедносните предизвици, како и со бегалската криза – основата зад добриот резултат на националистите.

 

Со оглед на лошиот резултат на Социјалдемократите, нивниот лидер Мартин Шулц изјави дека ова е горчлив ден за социјалдемократите во Германија и дека “големата“ коалиција со партијата на Меркел е завршена, со што го најави дејствувањето на неговата партија од опозиција за наредниот период. Со тоа опциите за нова коалиција на Меркел и не се многу големи. Најзборувана е таканаречената „Јамајка коалиција“, поради боите на партиите, кои доколку би коалицирале би биле исти со оние на знамето на Јамајка. Црната на Христијанско-демократската унија, жолтата на Слободните демократи кои по 4 години повторно се враќаат во парламентот и зелената на Зелените. Можеби не е најсоодветната коалиција на политичката сцена во Германија со оглед на разликите на партиите за одредени прашања, но се чини дека претставува единствената која би можела да функционира во моментот.

 

Алтернатива за Германија, која беше основана 2013 година како анти анти-европска, а која прерасна во анти-исламска партија која се бори против миграцијата и доселувањето на мигранти од исламските држави во Германија, освои 94 места од вкупно 709 во федералниот парламент на Германија. Нивните цели се забрана за џамиите и во Германија и прогласување на исламот како некомпатибилна религија со германската култура. Голем дел од нејзините кандидати се поврзани со акциите и белезите на екстремната десница во Германија. Нивните резултати  на изборите ги надминаа сите очекувања, дури и нивните, што предизвика политички земјотрес. Нивната зголемена популарност се гледа со одличниот резултат на територијата на поранешна Источна Германија, освојувајќи 21.5% од гласовите, што ја прави втора по популарност партија во тој регион.

 

„ Ќе започнеме дебати за миграцијата, ќе започнеме дебати за исламот, ќе започнеме дебати за сè поблиска унија“, изјави Беатрис вон Сторх, еден од лидерита на Алтернатива.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи