Александар Стојкоски и Мери Мирческа се двајцата прилепски супер херои кои ги освоија првите места на 7-мото издание на планинскиот маратон „Krali Marko treil“. Годинава маратонот беше поделен во 5 трки.
Мирческа го освои првото место на рутата „Козјак треил“ долга 65 км., а додека Стојкоски за нешто помалку од 15 часа помина фантастични 110 км. и го освои првото место на најдолгата рута на маратонот „Крали Марко ултра треил“. Ова е и најдолгата планинска трка во Македонија.
Екипата на Инфо Компас поразговара со нив околу планинското трчање, нивните успеси, а тие пак ќе ни раскажат што им се случува за целото време додека ги трчаат своите патеки.
Погледнете го целиот разговор подолу во видеото.