Видео: ВМРО ДПМНЕ: Прилеп прерасна во најчиста и еколошки најуредна средина за живеење

Благодарение на домаќинското работење, иновативноста и упорната работа на ЈКП „Комуналец“ Општина Прилеп денес е чиста, зелена општина во која нивото за заштита на животната средина е на високо ниво. За да биде тоа така во изминатите 12 години ЈКП Комуналец реализираше огромен број на проекти со кои Прилеп стана и најчистиот град во Македонија, град со најмногу зеленило и уредени паркови, град со високо развиена свест за здравата животна околина, модерна и урбана средина која на граѓаните им нуди можности за релаксација, спортување, прошетки со своите најмили. Изјавија од ВМРО ДПМНЕ.

 

Во целост ја пренесуваме прес конфернцијата на ВМРО ДПМНЕ:

 

 

„Еден од најголемите проекти кои се гордост на ова јавно претпријатие е секако проектот за селекција на отпадот и изградбата свен позитивниот еколошки аспект за општината овој проект ќе донесе и самоодржливост во работата на Јавното претпријатие на долг рок. За оваа намена во изминатиот период се изградија 400 еколошки острови, каде се поставија околу 1.200 контејнери за селекција на отпадот како и се поделија преку 15.460 корпи за отпадоци. Прилеп доби и современ царински терминал со што се олеснија и убрзаа постапките за царина на локалните бизниси.

 

Во периодот од 2010 до 2017 година се поплочија со бехатон површини преку 60 илјади метри квадратни, се уредија тротоарите со што се збогати урбанио изглед на градот. Се изградија 23 бунари за технолошка вода за полевање на парковиските површини и се обезбеди заштеда на пивката вода за градот. Се изгради градска капела во кругот на градските гробишта, а втората е веќе во завршна фаза и скоро ќе биде пуштена во употреба.

 

Општина Прилеп заедно со ЈКП „Комуналец“ во последните 12 години изгради рекордни 200.000 м2 нови парковски површини. Градот доби еден современ и урбан лик каков што немал досега во историјата на неговото постоење. Центарот на градот, секоја населба и маало, добија разни парковски површи и детски игралишта кои се место каде сега граѓаните го поминуваат своето слободно време. Комплетно се средија парковските површини во центарот на градот и зелените површини на плоштадите „Методија Андонов Ченто“, „Александрија“ и „Цветните патеки“ околу Градскиот часовник.Со инвестиција од 15 милиони денари во текот на 2006 и 2007 година се реконструираше комплетно Паркот на Револуцијата – Могилата кој сега претставува вистинска гордост на Прилеп.

 

Се изгради паркот со површина од 10.000 м2 по целата должина на улицата „Петта Прилепска Бригада“. Се изгради паркот кај Основниот суд во населбата Бончејца кој е еден од најубавите паркови во Македонија. Во 2010 година се изгради парк во Димо Наредникот од 5.000 м2, а наредната 2011 година истата населба Димо Наредникот доби уште еден парк со површина од 4.000 м2 со 4 детски игралишта кои ја имаат целокупната потребна инфраструктура за површини од ваков карактер.

 

Населбата „Точила 1“ го доби еден од најголемите паркови во Македонија кој се простира на површина од цели 25.000 м2, кој опфаќа спортско рекреативни терени за кошарка, одбојка и мал фудбал. Направен е комплекс од водени и зелени површини, урбана опрема и осветлување. Комплексот е збогатен со 8 отворени детски игралишта и сите зелени површини се полеваат со технолошка вода од избушените бунари.

 

Нов парк добија и населбите „Точила 2“, Типската населба со детски содржини и спортски комплекс за мал фудбал и кошарка аво 2016 година започна изградбата на нови парковски површини и во населбата Бончејца, кој се простира на површина од 2.000 м2.

 

Освен овие поголеми паркови беа изградени и маалски паркови со детски игралишта и тоа во сите населби во градот како и во населените места: Чепигово, Беровци, Подмол, Лагово, Мажучиште, Селце, Мало и Големо Коњари, Радобил, Канатларци, Кадино село, Галичани и Лагово и комплетно се уредија и дворните места на училиштата во основните и средните училишта.

 

Овие проекти, а и многу други се доказ дека ЈКП Комуналец успева во Нашата заложбата Прилеп да биде најчист и најзелен град во Македонија, општината да биде место збогатено со многу парковски содржини и детски игралишта кои ќе бидат катчиња за вистинско уживање на сите генерации“, истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien