Чаби Алонсо најави враќање на фудбалските терени, но овој пат како менаџер

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Шпанскиот играч од средниот ред Чаби Алонсо, најави враќање на фудбалските терени, но овој пат како менаџер.

 

Поранешниот играч на Реал Сосиедад, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, кој се пензионира оваа година во мај, најави на својот инстаграм профил дека после подготовките во текот на летниот период за добивање на својата тренерска легитимација е спремен да влезе во менаџерските води.

 

„После 17 години во овој спорт, одлучив за наредниот чекор во мојата кариера. Одлучив да станам менаџер“, истакна Алонсо

 

Алонсо ја започна својата кариера како играч на Реал Сосиедад, за подоцна да премине во Ливерпул во 2004, каде што ги освои лигата на шампионите во 2005 и ФА купот во 2009 година. Потоа премина во Реал Мадрид каде што освои Ла Лига во 2012, лига на шампиони во 2014 и шпанскиот куп во две прилики. Својата кариера ја заврши во Баерн Минхен каде што освои два трофеи од Бундеслигата. Одлична кариера имаше и со Шпанската репрезентација, со која освои едно Светско првенство и две Европски првенства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи