ВИДЕО: Да го кренеме Прилеп на педали

Екипата на Инфо Компас направи интервју со дел од членовите на неформалната организација „Прилеп на точак“, кои воедно се и организатори на иницијативата „Критична маса“ во Прилеп.

 

Критична маса се организира во повеќе од 200 градови во светот. Замислата е како неформална група на велосипедисти кои заедно возат низ централните градски подрачја со цел да се подкрени јавната свест кај луѓето, на сите учесници во сообраќајот.

 

Првата критична маса во Прилеп беше организирана во јули 2014 година. Во мај оваа година се прослави третиот роденден на оваа иницијатива во Прилеп, додека пак оваа среда се организира јубилејната 40-та, овој пат во соработка со иницијативата „Мрдни со прст“.

 

Повеќе за оваа тема погледнете во следното видео интервју.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи