Груевски: СДСМ на 15 октомври нема да се спаси од референдумот на народот

На 15-ти октомври имаме локални избори, но истовремено и  референдум. Можеби со драконски и незаконски владини забрани ќе се спасат од референдумите за мигранти, но нема да се спасат од референдумот на народот, референдумот за новата ера и новото утро за Македонија кое доаѓа, кое никој не може да го задржи, зад кое стои овој народ и луѓето кои веќе направија споредби. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на синоќешниот митинг кој се одржа во Охрид од каде Коалицијата „За подобра Македонија“ ја започна изборната кампања.

 

„Охриѓани нема да ја пропуштат шансата да го одберат доктор Митко Тилевски за градски татко, а целиот народ има единствена можност на 15 октомври да каже што мисли за она што и се случува на Македонија, за хаосот, за безредието, за неспособноста, за лажењето, за неисполнувањето на ветеното, за манипулирањето, за хајките, за злоупотребите од новата власт, за договорот со Бугарија, за неуставните закони со кои се манипулира, за криминалите и тендерите на газдите во владата, за беснеењето, за начинот како наумиле да се реши името, за колапсот на економијата, за начинот како избраа претседател на Собранието на Република Македонија и како избраа влада,  за одењето спротивно на волјата на народот, за потценувањето на нашата, на вашата интелегенција и интегритетот, за новосоздадениот хаос во здравството, безидејноста и незаинтересираноста  за решавањето на проблемите, за помрачувањето кое и се случи на Македонија. Ќе се изберат градоаначалници и советници, но народот ќе го каже своето мислење за сето она што и се случува на Македонија. За новата енергија која доаѓа со нова ера, која носи 150.000 нови работни места, повисоки плати, пензии, субвенции, поквалитетно образование, здравство, и екологија, посилна демократија, членство во ЕУ и НАТО. Нова ера која носи нови успеси и нови победи, и која може да ја исполни само оној кој вели и живее со тоа, секогаш работа, секогаш Македонија“, нагласи Груевски.

 

Тој додаде дека откако СДСМ дошол на власт ниту еден странски инвеститор не дошол во Македонија, а од домашните инвеститори покажеле само еден произведен нов автобус, за подоцна цела јавност да видела дека и тоа било голема измама и дека таа фабрика одамна не работела, дека нема работници и нема вработени.

 

„Нека отидат во Ван хол да видат што е фабрика за автобуси донесена од ВМРО –ДПМНЕ. Нека отидат и во штипска Актива која се изггради од домашен инвеститор за да биде партнер и да изработува делови за Ван Хол. Нека дојдат во ОДВ Електрик во Охрид, и во Костал во Охрид, да видат што значи да ветиш, да работиш и да исполниш ветување. Се отвораа фабрики, се градеше, се создаваше, се решаваа проблемите на граѓаните. Целиот овој пад на економијата почнува токму откако се формираше новата влада. И тоа воопшто не е изненадување. Како може да непаѓа економијата кога јавно објавија дека ќе ги зголемат даноците и придонесите, давачките кон државата и на работниците и на фирмите. Како може да непаѓа економијата кога цело лето ги оставија земјоделците сами на себе, кои незнаеја дали поправо да се справуваат и што да прават со своите производи кои скапуваа, или да се борат со пожарите да не ги изгорат додека владата цело лето бареше што ручал некој поранешен министер, во кој хотел престоувал кога бил на службен пат и додека незаконски ги разрешуваа поранешните директори за да донесат тешки аматери, некомпетентни кадри, партиски послушници и луѓе кои се  истакнале во боењето на државните објекти“, рече Груевски.

 

Груевски праша како може да не паѓа економијата  кога СДСМ ги запрел без малку сите градежни проекти во државата, трите автопати, клиничкиот центар во Скопје, се пренамениле и парите предвидени за театарот во Охрид, училишта, градиники и останато.

 

„Од пусти гнев и инает, да запрат се што ВМРО започнало, ја запреа економијата и немаат никаков план како да продолжат. Како може да не паѓа економијата кога сите компании видоа дека дојде рекетарска екипа на власт, и кон странските инвеститори кои отвораат нови работни места се однесуваат како кон непожелни натрапници. Од овие причини, зборуваа а не правеа реформи, додека тие ја лажеа јавноста дека имале средба и разговори со претседателот Трамп, а целата јавност виде само попатно ракување, додека се мачеа како да се спречат рефередумите за спречување на населување на мигранти низ општините, бидејки дале такво ветување кон надвор, додека прифаќаа штетни меѓудржавни договори со кои се откажаа и од јазикот и од историјата и од македонскотото малцинство во Бугарија, додека ни правеа организирани хајки и политички прогони и мислеа дека со тоа ќе не уништат и деградираат. Додека ги правеа сите овие работри, ние тоа  време го искористивме за други цели“, додаде Груевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи