Диего Коста се враќа во Атлетико Мадрид

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Диего Коста го комплетираше трансферот во Атлетико Мадрид од шампион во Премиер лигата, Челзи. Двата клуба ги усогласија барањата минатата недела, додека напаѓачот ги мина медицинските прегледи во понеделникот. Сепак тој нема да може да биде регистриран како играч на Атлетико, со оглед на забраната за клубот од страна на ФИФА за купување на нови играчи, а која истекува на први јануари.

 

Коста го напушти Атлетико за Челзи во 2014, каде што постигна 59 гола на 120 настапи за тимот од Лондон. Освои две Премиер лига титули е еден лига куп со Челзи.

 

Коста беше известен преку смс порака дека тој не се наоѓа во плановите за составот  за оваа сезона на тренерот на Челзи, Антонио Конте.

 

„Како што кажав претходно, немам никакви проблеми со Диего. Му посакуваме сè најдобро за остатокот од сезоната и во иднина“, изјави Конте.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи