Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Прилеп, Марјан Ристески, денеска ја посети црквата „Св. Благовештение“ и на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник Крстовден.
Ристески исто така најави дека во иднина се планира просторот околу црквата „Св. Благовештение“ или Стара црква хортикултурно да се уреди и тој да прерасне во нов плоштад кој ќе се простира на површина од над 4.000 м2.
Плоштадот ќе имал пешачки патеки, зеленило, урбана опрема, а ќе се уредела и гробницата која се наоѓа во близина на црквата.
Дел од овој плоштад ќе била и улицата „Републиканска“ која води од Стара црква до малото мовче кое води кон чаршијата. Во состав на овој проект реконстуриран ќе бил и самиот пешачки мост.
Изјавата ја пренесуваме во целост.