Судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев се одложи за 20 ноември бидејќи судијката Дијана Груевска Илиевска била на боледување. Сепак основниот суд Скопје 1 на денешното рочиште кое го водеше судијката Ленка Давиткова, го одбри барањето на Заев за доказите од ПИ мерките кои беа објавени на Јутјуб пред две години да бидат изземени.
Тој во изјава за медиумите рече дека докрај ќе ја тера правдата и на ова решение ќе пушти жалба до Апелациониот суд во наредните три дена. Посочи дека одговорноста за протекување на снимките е во обвинителството под водство на сега разрешениот обвинител Марко Зврлевски.
„Единствено одговорно за протечените снимки е Обвинителство за организиран криминал и никој друг, за што поднесовме и кривична пријава“, рече Заев.