Тимо Вернер го напушти теренот поради прегласните навивачи на Бешикташ

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер побара замена на вчерашниот натпревар од лигата на шампионите против Бешикташ, поради прегласното навивање на фановите на турскиот тим. Германскиот напаќач не можеше да ја издржи бучавата на Водафон арената и беше заменет во 32 минута.

 

„Никогаш не сум доживеал атмосфера како оваа во мојот живот. Не можев да се концентрирам на натпреварот. Побарав тампони со кои мислев дека ќе ми биде подобро, но и тоа не помогна. Се уште не се чувствувам добро“, кратко и искрено изјавил Вернер по крајот на средбата.

 

 

Лајпциг изгуби со резултат од 2:0 на гостувањето во Турција. Нивниот менаџер Ралф Хазенхафл потврди дека неговиот тим се мачел со атмосферата што ја создале фановите на Бешикташ.

 

„Невозможно е да го припремите својот тим за атмосфера како оваа. Имаше оглушувачка врева и тоа влијаеше на нас на почетокот од натпреварот. Воопшто не игравме добро во првите 20 минути. Ова беше лекција за сите нас“, истакна Хазенхафл.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи